Аркан бил коцкар, немал пари ниту за кафе, а вака купил куќа кај „Маракана“: Ова се шокантни информации за покојниот сопруг на Цеца
Жељко Ражнатовиќ Аркан го сакал коцкањето, а ниту едно белградско казино во тоа време не се ни обидело да го „работи“ командантот на српската доброволна гарда, бидејќи многу казина биле управувани од кумовите и пријателите на Ражнатовиќ, наведува своевремено Мондо.
Во деведесеттите, Аркан не ја познавал страста на коцкањето, бидејќи секогаш победувал, но само десет години порано коцкањето му било голема страст. Толку многу што знаел да го загуби и последниот денар, дури и да остане без кола.
„Жељко Ражнатовиќ сакаше да се коцка, а понекогаш и ги губеше сите пари. Еднаш дојде во мојот бар и ми рече: „Друже, може ли да се напијам?“. Јас го почастив кафе, бидејќи не пиеше алкохол, го прашав каде му е автомобилот, тој ми вели „немам“, и тоа изгубил на коцка. Немал денар во џебот, изгубил се, немал за кафе. Но, се случило и да победи на коцкање, па една вечер дошол во „Дуга“ со најлонска кеса полна со пари. Внатре имаше 55 илјади долари. Го прашавме што е, дали ограбувал некаде, тој рече дека добил на коцка и одма ќе купи куќа. Само зеде извади неколку илјади и го частеше диџеј Чупка, а тој вели дека му требаат точно 50.000 за да купи куќа спроти Маракана“, изјавил во една емисија Влада Перовиќ, поранешниот сопруг на Лепа Лукиќ.
Перовиќ изјави дека Аркан знаел да се коцка, но дека убедливо најдобар бил Свето Мараш, познат коцкар, кој веројатно е единствениот кој успеал да заработи од коцкање.
„Неговата сопруга доаѓаше повремено и кога ќе добие пари, таа ги земаше за нивните деца и веднаш инвестираа, купуваа станови. Сите тие видливи побогати сакаа да се коцкаат и чест им беше да играат со некои од најдобрите коцкари.
Фото:Принтскрин
Извор: Kurir.rs