„Audi“ го претстави концептот за својот прв електричен тротинет

Компанијата „Audi“ одлучи да ја претстави својата верзија на електричен тротинет, бидејќи ова е моментално најпопуларното превозно средство за низ град..

Сигурни сме дека и вие сте приметиле дека се поголем број луѓе возат нечујни електрични тротинети кои ги користат како превозно средство и со тоа ги избегнуваат гужвите и го забрзуваат времето за пристигнување до работа. Се поголем број компании се одлучуваат да произведуваат вакви тротинети, а својот концепт го претстави и „Audi“ компанијата која смета дека ова е иднината на градскиот превоз.

Називот на овој тротинет е „E-Tron Scooter“ и ќе биде достапен по цени од 2000 долари. Тежок е само 12 килограми и може да ви овозможи да поминете оддалеченост од 20 км само со едно полнење. Под воланот се наоѓа дисплеј кој ја покажува состојбата на батеријата, колку е наполнета, додека возачите имаат можност да управуваат со гас, хидрауличн кочница и рачна кочница.

Кога целосно е наполнет, овој тротинет може да вози и со брзина од 20 км/ч, а содржи и способност кинетичката енергија да ја претвара во енерија за батерија, така да батеријата ќе се полни ако се качувате на угорница или кочите.

Овој тротинет е така дизајниран за да биде лесно пренослив, па можете да го склопите и лесно да го сместите во багажникот или во јавен превоз. Исто така, многу е лесен за возење, па можете да го возите на различни начини. Се уште не е познато кога овој тротинет ќе биде достапен на пазарот, но сигурни сме дека на улица ќе ги видиме следната летна сезона.