Авто-школите удрија со нови цени: Возачка дозвола станува луксуз за многумина

Од 1 ноември стапија во сила нови, значително повисоки цени за обука во авто-школите во Македонија. Здружението на авто-школи донесе одлука за поскапување од 35%, со што комплетната обука за Б категорија се зголеми од 24.500 на 33.000 денари, односно за 8.500 денари.

Колку чини да станете возач?

Според новите ценовници, основната обука за Б категорија вклучува:

Теоретска настава (20 часа): 4.500 денари

Практична настава (36 мото часа): 28.500 денари

Три посети на полигон: 250 денари по час

Користење возило за прв и втор практичен испит: 1.500 денари за секое полагање

Дополнителен час за возење: 1.000 денари

Лекарско уверение: 1.200 денари

Во зависност од брзината на напредокот, вкупната сума може да ја надмине и границата од 36.000 денари.

Цени и за другите категории

Слични корекции има и кај останатите категории:

А категорија: 24.000 денари

БЕ категорија: 15.000 денари

Ц категорија: 32.000 денари

ЦЕ категорија: 25.000 денари

Д категорија: 40.000 денари

Дополнителните часови чинат до 2.000 денари, а користењето на возило за испит се наплаќа различно – на пример, 2.400 денари за А категорија, 2.000 денари за Ц категорија, 2.500 денари за ЦЕ.

Авто-школите: „Трошоците нѐ принудија на ова“

Сопствениците на авто-школите велат дека цената не е менувана повеќе од една деценија, а трошоците за работа драматично пораснале.

– Веќе неколку години обучуваме возачи за 24.500 денари, но растат трошоците за гориво, сервисирање, одржување и техничка опрема. Главен проблем се трошоците кои што растат,  ја оправдуваат својата одлука авто-школите.

Младите револтирани: „Станува луксуз да се стане возач“

Младите кои се подготвуваат за полагање велат дека новите цени сериозно го оптоваруваат семејниот буџет.

Велат дека за да земат обука и да полагаат треба да подигнат кредит затоа што сумата е и претерано висока.