Автомобил за кој копнеат и сопствениците на BUGATTI

Дали имате 40.000 долари вишок? Ако случајно климате со главата потврдно, можете да си подарите неверојатна реплика на „Бетмобил“ на Мајкл Китон, кој наскоро ќе се продаде на аукцијата „Бонамс“.

Обично, репликите на познати автомобили од светот на кинематографијата не изгледаат толку убедливи и не се вредни за нашето внимание, но овој Бетмобил се чини дека е совршено дизајниран двојник од вистинскиот убавец кој се појави во два филма за Ноќните одмаздници, со Мајкл Китон.

Според официјалниот опис на аукциската куќа Bonahms, репликата е создадена како дело на британската компанија Z Cars во 2016 година, користејќи Форд Мустанг од 1965 година како донатор. Моделот е придвижуван од Chevrolet 5,7-литарски V8 мотор кој наводно испушта 380 КС. Сите тешки детали од маската Мустанг се заменети со елементи создадени од стаклопластика, кои совршено ги следат контурите на Бетмобил, доловувајќи ги сите софистицирани детали.

Реплика на „Бетмобил“ ја купи лондонскиот мото-музеј во Хилингдон, каде што беше поставена. Сепак, дискусијата со локалниот совет доведе до затворање на музејот, поради што и тие беа принудени да го продаваат овој убавец. Репликата е долга седум метри, законски легална и регистрирана.

„Неверојатно сум возбуден од оваа продажба, навистина е неверојатно“, објаснува Хари Фокс Едвардс од Бонамс. „Секое дете сака да поседува вистински Бетмобил, и слободно можам да кажам дека овој модел е тоа. 

Автомобилот ќе се продава како дел од аукцијата „Бонамс МПХ“ на 20 март, а се очекува да достигне максимална цена од 40 000 американски долари.

Погледнете во галеријата: