Автомобилот не сака да ви запали? Можеби во резервоарот имате старо гориво, еве како да проверите
Бензинот и дизелот не треба да бидат во резервоарот повеќе од два до три месеци, бидејќи по тој период ги губат својствата и со тоа претставуваат потенцијална опасност за моторот
Многумина ќе ги остават своите автомобили на паркинзи и гаражи со месеци без да размислуваат за горивото, но тоа има рок на траење кој всушност истекува релативно брзо по купувањето. Како што советува HAK Review, бензинот и дизелот не треба да бидат во резервоарот подолго од два до три месеци, бидејќи по тој период ги губат својствата и со тоа претставуваат потенцијална опасност за моторот.
Биодизелот измешан со дизел гориво содржи бактерии кои по одредено време почнуваат да создаваат наслаги од тиња, а можна е и корозија или затнување на системот за снабдување со гориво.