Бајиќ од утре на подгoтовки со кошаркарите, започнува мисијата Шпанија и Украина

Македонската машка кошаркарска репрезентација од утре ги започнува  подготвиките, првиот собир на сениорскиот национален тим  е предвиден да биде на 25. јуни, во салата на А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во 10.часот, каде „црвено-жолтите“ ќе се подготвуваат до заминувањето за Сарагоса, како и по враќањето од Шпанија

Инаку, освен дуелот со „црвената фурија“ во Сарагоса, нашата сениорска селекција ќе одигра уште еден натпревар во јунскиот квалификациски циклус за пласман на Мундобаскетот.

На 4. јули, во А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, од 18.часот, ни гостува селекцијата на Украина.