Беа огин и вода, сега заедно: Кејт Мидлтон и Меган Маркл разговарале за заеднички Нетфликс проект
И додека светот со години озборува дека двета кралски снаи не се во добри односи, сепак некои нешта изгледа дека изгледаат многу поразлично во реланоста.
Се чини дека војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон и Меган Маркл, наводно, се поблиски од кога било. Според извор близок до кралското семејство, кој разговарал со „Ас викли“, војвотките размислуваат за соработка на Нетфликс проект.
„Меган и Кејт всушност многу добро се согласуваат и често контактирааат. Меган разговараше со неа за соработка на проект за Нетфликс, т.е. документарен филм кој ќе ја истакне добротворната работа на Кејт и огромното влијание што го остави со нејзината филантропија”, рекол изворот.
Наводно, Кејт е воодушевена и поласкана од понудата на Меган и верува дека тоа е чекор во вистинската насока кон градење посилни односи со нејзината „јатрва“.
Принцот Хари и Меган лани потпишаа договор со Нетфликс кој вклучува содржина како документарци, филмови и емисии за деца, но и повозрасни.