Бекам по влечки и бели чорапи: Каков кикс на иконата на стилот

Најдобар е модно, ама и тој е човек и може да киксне. Врвен во своето облекување, икона на стилот, но греши...

Минатиот викенд Викторија Бекам организираше модна ревија чии единствени гости беа членови на нејзиното семејство - сопругот Дејвид, синовите Круз и Ромео и ќерката Харпер, додека  Бруклин беше отсутен.

Поради пандемијата на коронавирусот, Викторија не можеше правилно да ја претстави својата колекција, па нејзините најблиски беа единствени гости, кои со гордост на Инстаграм ги споделија фотографиите што ги направија по тој повод.



Бекамови позираа весело за поддршка на својата мајка и сите се обидоа да изгледаат извонредно и трендовски, со тоа што Дејвид можеше да избере друг стил на чевли.

Имено, поранешниот фудбалер носеше бели чорапи и влечки, па затоа беше мета на потсмев на социјалните мрежи.



„За жал, сега ќе почнеш да мислиш дека можеш да носиш чорапи и влечки бидејќи си Бекам“, „Значи, треба да бидам Бекам за да можам да се појавам некаде во ова“, „Катастрофа“ се само дел од коментарите на Твитер.


Фото: Profimedia и Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

И на 45 години, Дејвид Бекам изгледа топ: На одмор во Грција со децата
Бекам ја откри тајната на својот долгогодишниот брак