„Беше како мало девојче, сега стана најбараниот бегалец поради убиство“: Познаниците на убиецот во Белград открија што ги поврзува ММА борецот и осомничениот

Фудбалерот Василиј Гачевиќ (23), кој е осомничен дека заедно со Марко Даничиќ (23) брутално го избоделe ММА борецот и српски репрезентативец Стефан Савиќ (23), а потоа го претепале со раце и нозе додека лежел на асфалтот, претходно бил мирен и повлечен, а поради неговиот кукавичлук го нарекувале и „мало девојче“, изјавиле за Курир негови познаници.

Како што претходно објавивме, убиството се случи во саботата час по полноќ на аголот од улиците Добрачина и Дунавска во Дорчол, Белград. Надзорните камери го снимија бруталното злосторство, прво бркотницата по улица, а потоа и прободувањето. На споменатите видеа може да се види како ММА борецот лежи на асфалтот додека осомничените брутално го удираат со клоци и тупаници. После тоа заминуваат и го оставаат таму да лежи, а оттогаш полицијата трага по нив. Објавени се и фотографии од осомничените, а МВР апелира до граѓаните доколку имаат информации за бегалците веднаш да пријават во полиција.

Познаници на Василиј Гачевиќ за Курир велат „дека тој бил тивок млад човек, практично кукавица, но дека очигледно паднал во лошо друштво, се променил и станал насилник“.

- Василиј беше вистинско девојче! Така го викаа во фудбалскиот клуб каде што тренираше претходно. Неговиот прекар беше „глава“, тоа беа некои од неговите прекари... Беше многу повлечен, а што му се случи после тоа, само Господ знае. Сигурно во меѓувреме се фатил со лошото друштво, а сега стана најбараниот убиец во државата. Морничаво е да му суди на некој дали ќе биде жив или не - вели негов познаник и додава:

- Осомничениот Гачевиќ тренирал фудбал и бил во фудбалскиот клуб Црвена звезда Мали Мокрли Луг од јануари 2021 година до јуни истата година, практично одиграл само половина сезона и му се приклучил на тој клуб како бонус играч. Никогаш не правеше проблеми и секогаш се држеше настрана, а сега како што гледаме стана вистински ѕвер кој треба да биде зад решетки. Срам да му е!

Според соговорникот на српски Курир, има морничава случајна поврзаност на Гачевиќ и Савиќ.

-Наводно, сопственикот на фудбалскиот клуб од Мали Мокрог Луг, каде тренирал осомничениот Гачевиќ, е кум на убиениот Стефан Савиќ - според нашиот извор.

Другиот осомничен, Марко Даничиќ, исто така се занимава со фудбал и наводно игра за српскиот клуб „Бели орли“ од Торонто, Канада. За Даничиќ се знае и дека е роден во Загреб.

Стефан Савиќ беше еден од најталентираните ММА борци кој пред само три месеци ја освои бронзата на Светското натпреварување во Тирана каде ги бранеше боите на Србија.

Инаку, истите напаѓачи тешко го раниле и младиот С.М.(32), случаен минувач кој дошол да му помогне на Савиќ кога видел како две лица го тепаат додека лежел на асфалтот не пружајќи отпор.

- Типот храбро се приближил, се соочил со напаѓачите, дури еден удрил, но и тој бил прободен со нож и се здобил со тешки телесни повреди - вели изворот за српски Курир.

Фото: Принтскрин
Извор: Kurir.rs