Живот // Живот
Беше маж, стана жена, ја освои титулата мис Невада: Трансродова личност е убавица за која се пишува
„Нема зборови да опишат колку сум благодарна. Голема благодарност до сите што ме поддржаа уште од првиот ден. Мојата заедница е секогаш во моето срце. Мојата победа е наша победа. Само што влеговме во историјата. Среќна гордост“, рече Каталина Енрикез во својот говор.
Оваа убавица победи на изборот за Мис Невада во неделата и ќе биде првата трансродова жена што ќе се натпреварува за Мис на САД.
Каталина Енрикез (27) ја освои титулата Мис Невада на натпреварот во Лас Вегас и ќе настапи на изборот за Мис на Америка во ноември.