Беше мртов 5 минути, а сега повторно му се врати на фудбалот: Кристијан Ериксен потпиша за Премиер лигаш!
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (29) повторно ќе игра
фудбал.
Само седум месеци откако беше клинички мртов пет минути, Ериксен до крајот на сезоната ќе игра во Премиер лигата за тимот на Брентфорд.
Ериксен падна како покосен во самиот финиш на првото полувреме на натпреварот против Финска на ЕП. Само благодарение на брзата интервенција на капитенот на Данска, Симон Кјаер и лекарскиот тим, животот му бил спасен со реанимација. Подоцна во болницата му вградиле дефибрилатор за да му го стимулира срцето. Последователните контроли покажаа дека нема постојан проблем со срцето.
Things you absolutely love to see #BrentfordFC #EriksenJoins pic.twitter.com/FhvDlMLAxL
— Brentford FC (@BrentfordFC) January 31, 2022
Но, не му беше дозволено да ја продолжи кариерата во Интер, бидејќи според здравствениот протокол не смее да игра фудбал во Италија со вграден поткожен кардиовертер дефибрилатор.
Затоа за неговите услуги беа заинтересирани англиските клубови, а желбата на данскиот играч е да игра на Светското првенство во Катар.
Фото: Твитер