Беше силувана, сега вели дека не е: Дали малолелтничката од домот без родители е под притисок?
Малолетната девојка во моментов е во дом во Скопје, каде беше вратена откако избега од таму и замина за Велес.
Петнаесетгодишната девојка која пријави дека била тепана, па силувана го сменила исказот во полициска станица.
Малолетничката која што побегна од дом од Скопје и со воз замина кај роднини во Велес, првично на полицијата и раскажа дека две лица на возраст од околу 20 години, прво физички ја малтретирале, па потоа ја силувале. За овој настан на разговор во полициска станица беа повикани две лица кои потоа беа пуштени да се бранат од слобода. За нив немаше доволно докази за да се бара мерка притвор.
„Според пријавата, на 18 септември во периодот од 22.30 до 23.30 часот на место викано „Дворови" неколу лица физички нападнале и извршиле обљуба врз малолетничка. Малолетничката била од дом во Скопје, а вчера во 18.10 часот во полициската станица Центар било пријавено дека се оддалечила од установата",соопштија пред неколку дена од МВР.
Дали девојчето навистина лажно пријавило силување или исказот го сменила под притисок, ќе покаже истрагата.
Ако се потврди дека лажела, тогаш против неа согласно законот за постапување со малолетници ќе биде поднесена пријава за лажно пријавување на кривично дело.