Бев лошо расположена и му се изнаразвикав: Сопругата на Златан Ибрахимовиќ откри детали од нивната прва средба
Еден од најпознатите фудбалери на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ долги години е во брак со 11 години постарата Хелена Сегер. Како плод на нивната љубов, се нивните два сина.
Сопругата на фудбалерот без влакна на јазикот и без прикривање на деталите, раскажа како изгледала нивната прва средба.
„Кога го запознав Златан, имаше 21 година, а јас 32, имав кариера и богатство и не ми беше потребен фудбалер да ме храни. Бев самостојна, а тој дури не ни беше мој тип на маж. Првпат кога го видов, тој со своето Ферари го загради мојот Мерцедес, го видов само неговиот голем нос и златен часовник на раката. Бев лошо расположена и му се изнаразвикав“ - во една прилика раскажа Хелена.
Сигурно и денес се смеат на цел глас кога ќе се присетат на овој момент.