Безбедниот шопинг, забава и уживање, главен фокус на Ист Гејт Мол
Во првиот месец од годината, Ист Гејт Мол, како шопинг престолнина и најголем шопинг центар од европски ранг во регионот, се фокусираше уште повеќе на безбедноста и уживањето на посетителите.
Главното мото на Ист Гејт Мол е пораката, - „Ти си центар“ и истата продолжува да биде дел од секоја планирана активност и одлука на центарот.
Реализираната јануарска програма, беше исполнета со богата месечна содржина за сите генерации.
Големите намалувања од -50% до -70% се омилениот шопинг деликатес, како и бројните забавни активности, коишто ја дополнија зимската пријатна атмосфера низ пространите широки коридори, без разлика дали целта на посетителите е да го пронајдат своето ново парче облека, роденденскиот подарок за најблиските, прошетка низ широката Модна Авенија, мал одмор на Централниот плоштад, или пак мала слатка пауза во некој од достапните врвни ресторани во Ист Гејт Мол.
За време на изминатиот викенд, односно од 28. – 30.01.2022, од петок до недела, дечињата како најмалите посетители на Ист Гејт Мол, уживаа во единствена шанса да бидат дел од забавната ЛЕГО работилница со коцки. Секое детенце доби можност да ја развие својата имагинација и фантазија за време на овозможената тридневна работилница организирана од КРШ и Ист Гејт Мол.
Во недела на 30.01.2022 дечињата со своите родители и смејства имаа можност да уживаат и во последната јануарска претстава за деца во изведба на Театарот за деца и младинци, „12те месеци“.
Љубителите на ракометот и фановите на македонската репрезентација во јануари страствено навиваа пред најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол, а најсреќните до вчера имаа шанса да бидат дел од предизвикот на Спорт Вижн и Интерспорт „Дај гол и добиј попуст“. Додека љубителите на спортот ги одбираа своите нови омилени парчиња облека, обувки и опрема во спортскиот корнер во Ист Гејт Мол, Спортско Радио ги забавуваше постојано со програма во живо од срцето на центарот.
Ист Гејт Мол подготвува забавна и интересна програма и за претстојниот период за сите домашни и регионални посетители, а деталите ќе ѝ бидат откриени на јавноста во наредните денови.
Ист Гејт Мол работи секој ден од 10 до 22 часот. Секоја недела продавниците работат до 20 часот, а рестораните и баровите во недела работат до 22 часот.
Ти си центар.
* ПР - објава