Безбедносна камера снимила старица како виси наопаку: За малку ќе го изгубела животот, како сцена од филм (ВИДЕО)

Како животот може да си поигра со нас, никој не може...

На социјалните мрежи кружи видео од велшкото село Тонтег, на кое се гледа инцидент среде бел ден.

Ана Хјуз (71) стоела надвор од продавницата и чекала да се отвори, но палтото и го фатиле електричните ролетни. За неколку секунди, нејзиниот живот буквално се превртел наопаку.

Инцидентот е снимен на безбедносна камера - среќа е што таа не е повредена, а трагедијата можела да биде прилично голема.

Ана завршила на неколку метри од земјата и којзнае што ќе се случеше доколку продавачот не дојдеше со трчање и не и помогнеше.

- Среќа што имам добра смисла за хумор - изјавила таа подоцна за медиумите.

Видео од безбедносната камера, погледнете го подолу:


Фото: Принтскрин/Јутјуб
Извор: Sd.rs