Безвоздушни гуми: Револуционерни и одлични
Овие гуми никогаш немаат потреба да се пумпаат, ниту пак можат да се дупнат...
Компанијата „Мишелин“ ги претстави новите и револуционерни гуми кои во себе немаат воздух и кои не можат да се дупнат. Овие гуми се со ист облик, немаат потреба од пумпање и отпорни се на дупчење. Иако, нивната текстура е иста како и на обичните гуми, овој тип на гуми им нуди побезбедно, поефтино и долготрајно возење на возачите.
Истражувањата покажуваат дека најголемиот проблем со кој се соочуваат возачите се токму гумите и дека доста пари одвоиле да потошат за сите гуми кои им се дупнале досега. Исто така, одреден тип на гуми не може да се поправи после дупнувањето, така овие гуми се идеални од корист за сите возачи.
Дури и за автомобилите во иднината се предвидени за користење вакви гуми, па нема да има никаква потреба за резервна гума, што значи дека ќе се ослободи многу место во багажникот.