БИДИ ФРАЕР СО МУСТАЌИ и БРАДА И ОСВОИ ВРЕДНИ НАГРАДИ!

Со доаѓањето на ноември пристигнува и највозбудливиот настан во месецот за мажите -„Мовембер“ традиционалното БЕРБЕР ШОУ НА ФРИЗЕРИТЕ БЕРБЕРИ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ во Скопје Сити Мол на 13.11 (недела) од 12 до 17 часот.

Момци, имате точно една недела да пуштите брада и се вклучите во најмажествената битка на годината! 

Секција на фризери Скопје и Скопје Сити Мол ве каниме масовно да се вклучите во богатата програма за одбележување на месецот на машкото здравје со многу интересни и едукативни содржини.  

На пиедестал ќе ги претставиме мајстори бербери од целата земја, кои ќе се погрижат за вашиот изглед да стане уште подоминантен со добро средени бркови и бради.

„Мовембер“ ги предизвикува најхрабрите да пуштаат брада и бркови, а потоа да “паднат” во рацете на најголемите занаетчии во берберската професија. На тројцата со најдобро обликувани бркови ќе им бидат доделени вредни награди. 

И тоа не е сѐ! Неделната дружба е надополнета со моторџиска изложба, а веднаш потоа и драматичниот избор на најдолг мустаќ. Забавата ќе продолжи во Play Caffe. 

Официјални спонзори на секцијата на фризери и настанот : Вичишки , Инебрија , Алфапарф , Гранд козметик, Елгон , Попај 

Официјален партнер на настанот е Jack Daniel’s - омилениот пијалак на мажите кои знаат што е добро виски.

Пр текст