Била во врска и со актерот од „Касандра“: Со синот на претседателот беа во љубов 11 години, се омажи за фудбалерот кој ја изневери, а сега има ново момче
Освалдо Риос, Антонио де ла Руа, Жерар Пике и сега актерот од серијата „Емили во Париз“...
Пејачката Шакира наводно е во врска со актерот Лучијано Лависконте, ѕвездата на серијата „Емили во Париз“, кој според нејзините пријатели „брка познати дами“.
Ова е прва официјална врска на пејачката откако ја изневери нејзиниот поранешен сопруг, 10 години помладиот Жерар Пике, со студентката Клара Чиа Марти (25) која е 22 години помлада од музичката ѕвезда (47) и 12 години помлада од познатиот Шпанец.
Лусијано е 15 години помлад од Шакира, а познато е дека еден од „постарите поранешни“ бил актерот од шпанските теленовели Освалдо Риос. Освалдо глумеше во хит серијата „Касандра“, а со пејачката бил во врска кога таа имала само 20 години.
Иако таа само еднаш јавно проговори за врската, Риос ја спомнуваше неколку пати. Врската им траела осум месеци, а Шакира открила дека нејзината песна „Moscas en la Casa“ од албумот „Dónde Están los Ladrones? била инспирирана од овој актер.
Шакира тогаш била во врска со Антонио де ла Руа, синот на поранешниот претседател на Аргентина, а нивната врска траела цели 11 години.
Парот на крајот се разделил и извесно време биле деловни партнери додека тој не ја тужеше пејачката за 100 милиони долари откако таа го раскина нивното деловно партнерство, а тужбата беше отфрлена.
Пејачката го запозна Пике за време на снимањето на спотот за песната „Waka Waka (This Time For Africa)“, која беше официјална песна на Светското фудбалско првенство во 2010 година во Јужна Африка. Тие беа заедно од 2010 до 2022 година, кога пејачот ја прекина врската, иако како причина беше наведено неговото неверство. Имаат два сина Саша и Милан.
Фото: ИнстаграмИзвор: Мondo.rs