Биткоинот спобудале една цела генерација
Повеќе од 100 милиони луѓе ширум светот користат криптовалути, а интересно е што меѓу нив има се повеќе членови на „Генерација X“ и „бејби бумери“ кои инаку не веруваа во дигиталните валути.
Извештајот на една крипто менувачница проценува дека во моментов има 106 милиони корисници на крипто-валути, што е скок од 16 проценти само во последниот месец.
Друго истражување на консултантска компанија покажува дека 70% од клиентите се постари од 55 години и дека тие веќе инвестирале во некоја од овие валути, што е особено интересно бидејќи биткоинот и другите монети се поврзани главно со помлади клиенти.
Се објаснува дека причината за скокот на популарноста на криптовалутите кај сите генерации е ненадејниот скок на биткоинот во последнава година.
Најпопуларната криптовалута во светот - биткоин, пред изсвесно време се тргуваше по цена од околу 50.000 долари.
Како одминува времето, оваа дигитална валута расте вртоглаво од ден на ден и практично од час на час, а една од главните причини беше вклученоста на големите инвеститори во набавката на биткоин. Но исто така, вртоглаво и паѓа... Ризик!!!
Сè започна со компанијата Тесла, која купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари, а потоа од Епл дојде најава дека може да се случи истото.