Бизарна сцена од „бувљак“ пазар во Црна Гора до солзи го насмеа Балканот: На социјалните мрежи „полудеа“ – „Колку поминала, има ли гаранција?“

Една фотографија од „бувљак пазар“ во Црна Гора го насмеа целиот регион. Имено, во морето од најразлични предмети кои биле на продажба, се појавила протеза од една нога.

„Од игла до локомотива за ситни пари“, напишале од Подгоричкиот времеплов со објава која предизвика бројни коментари.


„Колку поминала?“, „Има ли таа нога гаранција?“, „Има ли и десна или треба да скокам низ град?“, „Има ли протеза за заби?“, „Дали се продаваат колкови?“, „Дали е од Германија? Оригинал?“ и „Се има, само игла нема“, се дел од коментарите.

Извор: Kurir.rs