Бизнис Е-пакетите од УНИБанка обезбедуваат значајни заштеди за компаниите преку СЕПА системот!

Во услови на сè поголеми барања за ефикасност и оптимизација на трошоците, УНИБанка им нуди на компаниите практично и современо решение – Бизнис Е-пакети.

Со избор на еден од БизнисЕ-пакетите, правните лица добиваат комплетна банкарска услуга која опфаќа одржување на сметка и електронско банкарство, како и трансакции со деловни партнери во земјата и странство. Со само една цена и на едно место, пакетите ги покриваат сите банкарски потреби и компаниите не мора да се грижат за поединечни трошоци за секоја трансакција.

Изборот на соодветен Бизнис Е-пакет од УНИБанка ви овозможува значителни заштеди – како на време, така и на средства. Во зависност од пакетот, на годишно ниво заштедите започнуваат од најмалку 17.000 денари, а можат да бидат и значително поголеми, во согласност со обемот на трансакции и видот на банкарски услуги што ги користите.

Дополнителна вредност за компаниите носи и приклучувањето на УНИБанка кон СЕПАсо што се овозможуваат пониски надоместоци и побрзи трансакции кон европските земји, што е особено важно за бизнисите со меѓународно работење.

Во понудата се вклучени различни пакети, чија месечна претплата започнува од само 690 денари, а кои одговараат на потребите на:

- Претприемачи, стартапи и мали компании со умерен обем на трансакции,

- Компании со поголем број дневни трансакции. Тие ќе ја препознаат вредноста на е-пакетот кој вклучува КИБС и МИПС трансакции во месечната претплата,

- Компании кои соработуваат со странски партнери, остваруваат девизни приливи и вршат девизни плаќања. За ваквиот профил на компании достапни се БизнисЕ-пакети кои обезбедуваат неограничени девизни приливи, различен обем на девизни одливи, со вклучени СЕПА трансфери, како и зголемен број на КИБС и МИПС трансакции.

Е-пакетите се дизајнирани да одговорат на различните потреби на бизнисите според нивниот обем на работа и тип на операции. Дигитално се достапни, без потреба од физичка посета на експозитура.

УНИБанка со креирањето на овие Бизнис Е-пакети уште еднаш потврдува дека е современа европска банка, партнер на бизнисите во секоја фаза од нивниот развој и која има капацитет да одговори на сите барања и потреби на своите клиенти.

ПР објава