Бизнис тактика, бунт или нешто друго? Во ова кафуле се служат само невакцинирани гости
Австриските медиуми
продолжуваат да зборуваат за тоа како сегашната пандемија предизвика расцеп во
општеството
Сопственичка на кафуле во Штробл, на идиличното езеро Волфгангсе во австриската провинција Салцбург, одлучи нејзиниот персонал да служи само гости кои не се вакцинирани против ковид-19.
Локалните медиуми моментално зујат за тоа, а оваа вест дополнително зборува на сметка на тоа колку австриското општество, всушност, е поделено во однос на вакцинацијата.
На прашањето зошто вакцинираните гости не се добредојдени во нејзиното кафуле, кое е дел од продавница за здрава храна, таа не сакаше да даде одговор. Можеме само да претпоставиме дека ова е некаков бунт.
Оваа претприемачка не сакаше да ја коментира својата одлука за медиумите, но и за градоначалникот, општинските службеници и туристичките работници во Штробл. Сепак, градоначалникот Јозеф Вајкингер одговори дека „не е воодушевен од однесувањето на својата сограѓанка“.
- Секако, тоа е огромна опасност бидејќи општеството, а особено демократијата, се состои од согласност и легитимитет. А, ако политичките одлуки веќе немаат легитимитет, тогаш нема повеќе демократија. А, се‘ повеќе луѓе почнуваат да се одвојуваат од општеството - рече политикологот Рајнхард Хајниш.
Австриските медиуми продолжуваат да зборуваат за тоа како сегашната пандемија предизвика раздор во општеството, а со тоа може да предизвика конфликти на работа, во семејството, но и да доведе до распаѓање на пријателствата.
Фото: Shutterstock