Блаже Конески: Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина
Блаже Конески е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик. Како научник-славист, тој ги направил најголемите чекори за македонскиот литературен јазик. Учествувал во комисијата за азбука, учествувал во составувањето на првиот македонски правопис, ја напишал Граматиката на македонскиот јазик, Историјата на македонскиот јазик, тој е еден од составувачите и главен редактор на Речникот на македонскиот јазик (во три тома).
Фото: МАНУТој има напишано многу дела, а најчесто инспирација црпел од од народното творештво, од митското минато на нашиот народ, од историјата, легендата, љубовта.
Еве некои од најпознатите негови цитати, и една песна за Жената:
„Убавите жени, несреќните жени, тие брзо прецутувале, како цут од кајсија, како мајски јоргован“ - Извадок од Убавите Жени од Блаже Конески
„Какви порази сме морале да издржиме, какви срамови, какви поруги. Боже, умот дури ми се свртува!“ – Извадок Преживување од Блаже Конески
„Не иди, зашто жалосна би била, и колку да те копнеам – се ледам“
„Два конца парај од срцето драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави траги, другиот копнеж и светол и стрвен“
„Смирноста е мудра, страсноста е глупа. Ќе седнам во паркот на некоја клупа“– Извадок од Починка од Блаже Конекси
„Јазикот е нашата татковина“
„Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина. Се‘ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште “
„Жената
Само жената му дава
димензија на животот,
со својата мекота и цврстина,
со својата мазност,
со својот свилен допир,
пофин од допирот на нејзината
свилена облека,
со своите брановити движења –
да си помисли човекот
дека е исполнет со смисла
и дека се гушка со бескрајот.“
Фото: МАНУ