BMW VBX6 Vantablack – Најцрниот автомобил во светот

Бојата на овој автомобил апсорбира 99% од светлината ...

Компанијата BMW ја претстави „Vantablack“ верзијата на моделот X6, кој е офарбан со најцрната боја во светот. Верувале или не, оваа боја е толку црна што апсорбира 99% од светлината која паѓа врз него, така што овој автомобил нема одраз и делува како црна сенка на патот.

Бидејќи светлината од автомобилот не се одбива, овој модел на BMW изгледа како да нема три димензии, но делува како дводимензионална сенка што патува по патот. Но BMW даде се од себе за да ги вклучи најновите генерации на фарови во овој модел, кои обезбедуваат неверојатна видливост и можност другите возачи да го забележат ова црно возило.

За жал, информациите за моторот и перформансите сè уште не се познати, но од BMW соопштија дека сè ќе биде објаснето кога овој модел ќе биде официјално претставен на Саемот за автомобили во Франкфурт.