Боби Милевски останува селектор, невистинити се информациите за селекторска смена
За Благоја Милевски не се разговарало во ФФМ за отказ, уште помалку дека Управниот одбор на федерацијата има намера да дискутира за смена на селекторската позиција на националниот фудбалски тим дознава faktor.mk од извори во „Куќата на фудбалот“.
ФФМ нема намера да разговара за отказ на селекторот Благоја Милевски, ни изјави извор од ФФМ кој има решавачка улога во носењето одлуки во фудбалската федерација.
Позицијата на Милевски не е загрозена, смена на селекторската позиција дефинитвно нема да има, добивме потврда за претходните лажни вести пласирани во текот на денешниот ден.
Faktor.mk дознава дека одредени „кујни“ преку дел од медиумите се обидуваат да создадат погрешна слика со лажни вести и лажни извори на информации, со цел самопромовирање.
Според нашите извори, поранешен тренер на поранешен шампион во ПМФЛ од Скопје и тренер кој има искуство со работа во фудбалската репрезентација во минатото, преку одредени медиуми се промовира како можен кандидат за селектор на А-Националниот тим.