Бог е голем: Четири деца пронајдени живи две недели по авионската несреќа во Колумбија

Колумбиските власти вчера објавија дека четири деца се пронајдени живи, две недели откако авионот со кој патувале се урна во густа џунгла.

Преживеале четиригодишно, деветгодишно и тринаесетгодишно дете, како и единаесетмесечно бебе.

Децата се во добра состојба, додека нивната мајка и другите возрасни патници загинаа.

Во потрагата учествувале повеќе од 100 војници, а авионот бил лоциран во понеделникот.

Децата не биле веднаш пронајдени бидејќи избегале од местото за да побараат помош.

Авионот Цесна 206 превезувал седум лица на рута меѓу Арагвара и Сан Хозе дел Гуавиаре кога исчезнал на 1 мај.


ФОТО: Политика.рс