Автомобили // Автомобили
Борба на титаните: Нов автомобилски гигант, спој на Пежо и Фиат Крајслер
Ова е навистина голема новост во автомобилската индустрија.
Имено, управниот одбор на „ Peugeot-Citroen“ го одобрил спојувањето со компанијата „ Fiat-Chrysler“. Вредноста на спојувањето е 50 милијарди долари!!!
Според силата, четвртиот производител на возила во светот е созаден конечно со спојување на овие две компании.
Двата производители на автомобили пред шест недели ги најавија плановите за спојување со цел со здружени сили на влезат во костец со големите предизвици во автомобилската индустрија.
Акциите на заедничката компанија ќе бидат илустрирани на берзите во Париз, Милано и Њујорк.
Новата група ќе ги поседува брендовите „Fiat“, „Jeep“, „Dodge“, „Ram“, „Chrysler“, „Alfa Romeo“, „Maserati“, „Peugeot“, „DS“, „Opel“ и „Vauxhall“.