Босна и Херцеговина со 40,893 случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата: Дневно над 1000 новозаразени

Босна и Херцеговина е една од најтешко погодените земји од коронавирусот на Балканот. Само завчера пријави 1.265 нови случаи, а вчера нешто помалку, но сепак висока бројка- 1.135. И таму се справиваат со недостаток од болнички капацитети, па на располагање се монтажните болици во Сараево. 

Инаку, од почетокот на пандемијата до денес, оваа земја има регистрирано 40,893 случаи со кронавирус, 1.086 починаа, а се излекуваа 26,459.