Божјо чудо: Змиите на Богородица - Тајната што секој август ја буди Кефалонија (ВИДЕО)

Секоја година, во црквата Богородица во селото Маркопуло во јужна Кефалонија се случува чудесен настан каде што се појавуваат змии кои лазат во црквата и особено околу иконате на Богородица.
Змиите се мирни и безопасни, а илјадници верници сведочат дека се топлокрвни, што никаде во светот не е познато.
Во црквата во Маркопулос веќе се појавија првите две змии. Жителите овој настан го поврзуваат со чудотворната икона, која на необичен начин на мештаните им покажала каде да го градат овој храм посветен на Успение на Пресвета Богородица.
Високо на ридот на селото Маркопуло во јужна Кефалонија, селаните виделе како гори дрво, а пламенот се издига на неколку метри. Веднаш помислиле дека шумата се запалила. Се загрижиле и истрчале да го изгаснат пожарот, да не изгори шумата и селото. Кога пристигнале селаните виделе само едно дрво целосно изгорено, а на неговиот корен почивала многу убава икона на Богородица, која огнот не ја ни допрел. Селаните возбудени ја зеле иконата во раце, ѝ се поклониле и ја однесле во својата црква. Следното утро, останатите селани влегле во црквата да се поклонат на иконата на Богородица. Но, иконата никаде ја немало.
Меѓутоа, едно утро во 1705 година виделе пиратски чамци како се приближуваат и пирати како се качуваат кон манастирот за да го ограбат. Тогаш монахињите се исплашиле и побарале заштита од Богородица. Потоа повторно се случило чудо. Кога пиратите влегле во селото, ги пречекало мноштво змии кои лазеле по ѕидовите и подот... Манастирот бил опколен со змии, пиратите избегале, а монахињите биле спасени.
Ниту еден од експертите кои ги испитувале змиите не може да ги класифицира во некој од познатите видови. Овие се сиви, тенки и долги до еден метар. Кожата им е кадифена, а на главата, како и на врвот на јазикот имаат мал крст. Илјадници верници сведочат дека змиите се топлокрвни, што не е познато никаде во светот. Змиите лазат околу црквата и особено околу иконите на Богородица. Змиите се мирни и безопасни, а верниците на овој настан гледаат како на чудотворна манифестација на Бога и Пресвета Богородица.
Во Кефалонија, милоста Божја и побожноста на жителите не престанале уште од апостолските времиња: пример за тоа се црквите и манастирите каде што се случуваат чуда и необјасниви појави за денешната наука. Тоа е островот на кој престојувал свети апостол Павле кога патувал со брод од Цезареја до Рим на судење во 59 година од нашата ера. Тогаш бродот го зафатил големо невреме, па апостолот останал во Кефалонија три месецСекој 15 август кога во Грција се прославува Успение на Пресвета Богородица на островот Кефалонија во црквата Пресвета Богородица.
Занимливо е дека змиите почнале да се појавуваат на празникот Успение на Пресвета Богородица и после тоа кога Грчката Црква го прифатила новиот календар, и празникот е поместен за 14 дена порано.
Во источната област на Кефалонија (остров на Јонско Море) не далеку од селото Маркопуло се наоѓа мала црква посветена на Пресвета Богородица. Овде, преку многу години, еднаш годишно на празникот Успение на Пресвета Богородица, се случува нешто необично: од празникот Преображение внатре и надвор од црквата се појавуваат змии.
Мештаните ги нарекуваат змиите на Пресвета Богородица. Секој ден бројот на змии се зголемува, веќе за празникот ги има насекаде во околината. Од каде доаѓаат овие змии и каде исчезнуваат после празникот - тоа никој не знае. Тоа е за сите голема тајна.
За време на службите, змиите слободно ползат меѓу луѓето не плашејќи никого.
Ако змијата влезе во вашите пазуви не плашете се! Благодатта на Пресвета Владичица Богородица нема да дозволи ништо да ви направат. Земете ги во рацете, и тие, буквално ќе се лизгаат по вашите прсти.
Навистина, за време на службата се случуваат неверојатни нешта: змии како нараквици ги обвиткуваат рацете на верникот, ползат по иконите на Пресвета Богородица и Распетието, змијата може да доползи дури и до Евангелието.
Змиите како претставници на животинското царство, празнуваат заедно со христијаните потсетувајќи нѐ на рајската градина, во која првостворените луѓе живееле со животните, во едно семејство.
По завршувањето на празникот, змиите заминуваат.
Германски научници ги проучувале змиите, но не можеле да пронајдат ниту една слична врста на овие змии.
Тие се во сива боја, тенки. Не се подолги од еден метар, кожата им е како сомот. На главата има изобразен крст, како и на врвот на јазикот.
Преземено од Елена Сергеј/Preminportal.com.mk/