Брутално искрена реклама за продажба на автомобил стана хит: Валкан е, смрди, има благослов од свештеник ... (ФОТО)

Добра идеја, или пак не

На некои сопственици можеби им е тешко да се разделат од својот стар автомобил или да се обидат да ги сокријат неговите недостатоци во рекламите со цел да го продадат за најдобра можна цена, но не и на Томи Рајсон, чијашто брутално искрена реклама за продажба на негоивот автомобил стана вирален хит.

"Дали некој е заинтересиран за ова оружје? Кога велам оружје, мислам сра*е. Потребна е многу љубов и всушност се надевам дека некој ќе го украде додека го пишувам овој оглас", започнува описот за продажба на неговото Волво.

"Внатре и надвор е валкано. Многу валкано. Како земјоделско возило или како да е полно со кучешки гом*а. Немам идеја дали неговиот прозорец е заглавен, така што е постојано отворен или едноставно го нема", пишува тој.

Следното исто така наведува дека автомобилот доаѓа „со благослов на свештеникот да се вратите живи дома“.

"Ве молам, однесете го, бидејќи тој привлекува стаорци и мислам дека епроколнат. Ве молам, не прашувајте што му е, претпоставувајте дека ништо не е во ред", заклучи тој.


Томи го продава автомобилот на Ебеј, каде што постави почетна цена од 99 пени, со можност луѓето да наддаваат за тоа нудејќи поголема сума. Во моментов достигнува солидни 290 фунти.

За Bored Panda, тој откри дека веќе има купувач и дека продажбата е договорена.

"Мислам дека на луѓето им е многу досадно за време на пандемијата и им треба малку забава. Затоа ја добија", го објасни тој својот смешен оглас.


Фото: Твитер

Можеби ќе ве интересира:

Американец објасни ЗОШТО ЈУГО БЕШЕ НАЈЛОШИОТ АВТОМОБИЛ НЕКОГАШ СОЗДАДЕН и ја допре гордоста на многу луѓе од овие простори (ВИДЕО)