Во Bvlgari Pour Homme, целосно се чувствува елеганцијата на италијанската мода. Овој парфем се смета за бестселер и уште по неговото лансирање во 1996 година, веднаш стана хит.
Оние кои се пасинирани колекционери на парфеми велат дека е еден од најдобрите, со фантасдтичен мирис кој заведува и оборува од нога. Во врвните ноти се свеж чај (чај од darjeeling) кој се чини дека стана омилена состојка во овој бренд и вода лилјана која ја придружува црна пиперка, коријандер, гераниум и каранфилче. Основата е топол кедар, килибар, грав Тонка и мов од даб. Креаторот на мирисот е Кавалиер.