Цеца и Душко Тошиќ имаат ист вкус за часовници: Сопругот на Карлеуша носи Ролекс од 20.000 евра - Сличен носеше и Ражнатовиќ, еве чиј е поскап
Душко Тошиќ вчера ја исполни својата граѓанска должност и гласаше изутрината на своето избирачко место на Дедиње.
Душко за оваа пригода се облече многу елегантно - во беж панталони и темна кошула, додека очите ги криеше зад очилата за сонце со интересна форма.
Сопругот на Карлеуша е познат како некој кој има стил на облекување, а тоа го докажа и овојпат со изборот на аксесоари: мокасини „лоро пјана“ од 820 евра и нараквица „картија“ од 960 евра.
Сепак, најголемо внимание привлече неговиот часовник Rolex од 20.500 долари со зелена рамка.
Модните познавачи веднаш забележаа дека Тошиќ деновиве носи речиси идентичен часовник како Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Но, оној што Цеца го носеше за време на прославата во вилата Ражнатовиќ и на граѓанската свадба на нејзината ќерка Анастасија е нешто поскап од оној на Душко, па чини 26.750 долари.
Фото: Кurir.rs
Извор: Кurir.rs