Цеца ја испеа „Исусе“ пред две децении: Песната крие голема тајна

Зад секое големо нешто, стои некаква вистина.

Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ зад себе има голем број хитови, а скоро за секоја песна постои посебна приказна за тоа како настанала.

Од тоа дека некои песни се посветени на нејзините деца, преку тоа дека Дино Мерлин и ја поклонил „Београд“, дека „Кукавица“ ја одбиле многу пејачи, до тоа дека песната „Иди док си млад“ била наменета за Весна Змијанац, како и тоа дека еден дел од песната „Дидуле“ не сакал да го отпеа, но по долго убедување сепак се согласила.

24 години по објавувањето на песната „Исусе“, откриено е дека оваа песна, од албумот „Емотивна луда“ од 1996 година, била песна која ја отпеал Оливер Мандиќ, но никогаш не ја објавил. Имено, Оливер кон крајот на 1989 година ја снимил таа песна, сакајќи да ја објави на својот албум, но по долго размислување сепак се откажал.

Во тоа време Марина Туцаковиќ правела албум за Цеца и ја понудила на најпопуларната пејачка во тоа време да ја отпее. На Цеца веднаш и се допаднала и се согласила, а Марија потоа напиша текст, додека музиката ја правел Оливер Мандиќ.

Тоа беше осмиот албум на Цеца, а уредник на него беше Корнелије Коваќ. Музичките критичари во тоа време зборувале дека Цеца поседува неверојатно емотивен глас и сериозни текстови и песни кои никој не го оставаат рамнодушен. Коментирале дека дефинитивно созреала и како жена и како пејач, што на нејзината интерпретација дава една посебна црта на емоција.