Автомобили // Автомобили
Цело семејство одеше на море со него: Омилениот автомобил на цела Југославија има само 25 „коњи“
Се потсетуваме на најомилениот југословенски автомобил на сите времиња...
Најпопуларниот автомобил во поранешка Југославија, без сомнеж беше легендарната застава 750 - на сите омиленото „Фиќо“.
Генерациите растеа со овој автомобил, а многу денешни возачи своите први искуства и лекции за возење ги добија токму во него.
Со Фиќото се одеше на работа, децата се носеа во градинка и училиште, цели семејства одеа на море. Кога имаше потреба, овој автомобил пренесуваше и мебел, бела техника, кујнски елементи, кади... Во него паѓаа и првите бакнежи.