Центарот број 1 во Македонија, Ист Гејт Мол го прославува својот прв роденден на 5.ти и 6.ти ноември

1001 подарок, многу забава, музика, изненадувања и роденденски попусти во прекрасна атмосфера 

Претстојниот  викенд, на 5 и 6 Ноември, Ист Гејт Мол го прославува својот прв роденден. Роденденскиот настан на трговскиот центар ќе биде исполнет со роденденски попусти и подароци за посетителите во атмосфера исполнета со музика и забава.

На 5ти ноември, ќе има многу изненадувања за кои сите посетители треба да имаат подготвен телефон за снимање во рака, како и магионичарско шоу, музички спектакл со настапи на „Дајте музика“, „Златно славејче“ и концерт на Влатко Лозаноски- ЛОЗАНО. Роденденската забава ќе продолжи со повеќе други настани и промоции и изненадувања кои за посетителите ги подготви трговскиот центар во соработка со закупците. 

Целосната агенда на роденденските настани може да се види тука

Извршниот директор на Ист Гејт Мол, Игор Давков, изјави дека по само една година работење бележи одлична посетеност која расте секој месец:

,,Трговскиот центар, по само една година од своето отварање веќе еомилено место за посетителите од нашата држава и од регионот. Како најголем трговски центар со убедливо најсилно портфолио на закупци, Ист Гејт Мол за само една година успеа да се позиционира како најпосетена урбана дестинација за шопинг во регионот. Потрошувачите во продажните места на нашите закупци уживаат во едно поинакво потрошувачко искуство во понуда од над 600 модни и други брендови.

Трговскиот центар е целосно исполнет со закупци. На почетокот на следната година се очекува отворање на киното кое со своите 10 кино сали и најсовремена опрема за кино проекции на љубителите на филмот ќе им понуди едно сосема ново и поинакво искуство. Со ова трговскиот центар го комплетира миксот на закупци и отпочнува нов циклус на понатамошно подобрување и продлабочување на понудата за потрошувачите. ” – изјави Игор Давков.

Ист Гејт Мол е најголемиот урбан трговски центар во нашата земја, од најновата генерација, истиот се простира на 160.000м2 бруто изградена површина и 57.000м2 површина за изнајмување.

Дојдете заедно да го прославиме 1-виот роденден на „Ист Гејт Мол“! 

ПР објава