Чалханоглу го пецна Ибра, тој има потреба од „внимание“

Хакан Чалханоглу од Милан прејде во Интер, а тоа навивачите на „росонерите“ сметаат дека тоа беше „предавство“.

Проблем за Чалханоглу, е што Милан освои титула, а Турчинот го сметаат за „губитник“ со трансферот во Интер.

Страстите зовреа кога Ибрахимовиќ при прославата на титулата ги праша навивачите „имате ли порака за Хакан“ …

Чалханоглу не одговори, но очигледно и не издржа, па го пецна Ибра.

„Ибрахимовиќ на 40 години направи нешто што не му доликува, тоа се прави на 18 години. Тој има потреба да биде во центарот на вниманието. Милан е шампион, ама тој немаше никакво влијание за Скудетото, едноставно не придонесе многу бидејќи речиси не играше. Но, тој прави се за да го привлече вниманието на фановите, има потреба од тоа“ – рече Чалханоглу.