Часовник на неделата: T-RACE – спортска елеганција со издржливост

Ако барате часовник кој комбинира модерен спортски дух со врвна издржливост, тогаш T-RACE е вистинскиот избор.
Овој машки модел се издвојува со својот дијаметар од 41 мм, совршено димензиониран за динамичен и самоуверен изглед.
Изработен е од 316L челик со PVD премаз, што му дава дополнителна цврстина и отпорност на гребнатини, а силиконското ремче обезбедува удобност при секојдневно носење – било да сте на работа, во теретана или на викенд патување.
Во срцето на часовникот работи автоматски механизам со резерва на енергија од 80 часа, што е доказ за неговата прецизност и доверливост. Дополнително, сафирното антирефлексно стакло гарантира јасна видливост дури и под најсилното сонце.
Со водоотпорност до 10 Bar, T-RACE е подготвен да издржи и активен спортски стил и секојдневни предизвици. Тој не е само додаток, туку изјава за машки стил и енергија.
*ПР објава