Четврт избор на мажи на годината: Во ноември ги бираме најуспешните мажи за 2021 година

И оваа година, година полна со предизвици, полна со неизвесност и борба за нормално функционирање, ги бираме најуспешните мажи во Македонија за 2021. По четврти пат го најавуваме изборот на Мажи на годината за 2021 година, кој традиционално ќе се одржи во месец ноември, месецот на машкото здравје.

“Втора година се наоѓаме во исклучително тешка година, година која е полна со предизвици за секој од нас, но ние сме особено горди и среќни што направивме настан кој и во најтешките моменти успеа да донесе среќа и радост. Горди сме што успеавме да креираме настан, кој стана препознатлив белег на џентлмените, на мажите кои негуваат навики кои носат до успех, на хедонизмот, на општествената одговорност. Нашата цел е јасна, а таа е да не мотивира меѓусебно во правец на поместување на сопствените граници, да се поттикнеме на донесување позитивни одлуки кои влијаат на квалитетот на нашиот живот и работа, притоа создавајќи еден позитивен имиџ во јавноста. Да се организира настан по 4-ти пат е за секоја почит, а ние сме горди што нашиот тим успеа да го одржи овој настан на едно високо ниво и во овие тешки моменти. Минатата 2020 година настанот се емитуваше на Македонската Радио Телевизија што за нас како организатори беше посебна чест што јавниот сервис го препозна како настан и ни даде можност да го емитуваме” – изјавија од организаторите на официјалниот избор на Мажи на годината.

Мажи на годината е настан кој за прв пат се појави во 2018 година во организација на Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации.

“Оваа година, иако е многу рано да се говори, сепак, можеме да кажеме дека ќе биде настан на кој ќе сме сите горди. Не би откривале многу, имаме интересни планови, но сите тие  зависат од тоа каква ќе биде ситуацијата со корона вирусот. Овогодинешниот настан ќе ставиме акцент на добрите навики и културното однесување како основа на секој успешен маж. Искрено, се надеваме дека сето тоа ќе заврши и ќе можеме да уживаме во една гала вечер како што и доликува на еден ваков настан. – додадоа организаторите.

Во изборот се вклучени голем број на докажани професионалци во разни области кои се дел од жири комисијата на официјалниот избор, како и целокупната јавност.

За маж на годината во 2018 година беше избран доктор Владимир Чадиковски, во 2019 година Мислав Галер, кој ја понесе и титулата за маж странец, како и Божидар Јанковски, кој беше избран за Маж на годината во избор на организаторите. Во 2020 година наградата Маж на годината ја понесе Горан Пандев, а според организаторите наградат отиде во рацете на Игор Ангеловски.

Затоа, македонски џентлмени, засукајте ги ракавите оваа година, направете нешто кое ќе биде поттик за сите, нешто што ќе го препознае вашиот труд, и бидете дел од оваа престижна манифестација. Втора година како се прилагодуваме на поинаков начин на живот,исполнет со нови предизвици како да ги прилагодиме досегашните навики во нова димензија на живеење која ќе е безбедна за сите. Во оваа улога успешно се прилагодија голем број на мажи кои оставаат импакт во општеството, па затоа и оваа година ги славиме успесите на најуспешните мажи на годината.

ПР објава