Чудо од автомобил- Астон Мартин V12 Speedster
V12 Speedster e ограничен број на издание без шофершајбната, кој е специјално дизајниран да биде „бескомпромисен двосед“, за неколку среќни милионери кои можат да си го дозволат тоа, затоа што доаѓа со цена од 1 милион долари…
Инспириран од уникатното тркачко наследство на компанијата, Aston Martin V12 Speedster ќе се произведува во само 88 единици од Q Division на марката, но веруваме дека сите модели се веќе распродадени. Можеме само да замислиме дека ќе видиме еден од нивво живо на улица и дека ќе го слушнеме неговиот лут крик. Автомобилот ќе се напојува со твин-турбо 5,2-литарски V12 мотор, кој е туниран така што произведува 690 КС и 752 Nm вртежен момент.
Можеби не изгледа како многу кога се споредува со другите суперавтомобили денес, ама да потсетиме, овој ѕвер нема шофершајбна. Ќе ви треба вистински, квалитетен шлем ако сакате да го истражите целосниот потенцијал на моторот V12. Мет Бекер, главен инженер на марката Астон Мартин, рече дека V12 Speedster не е како ниеден друг автомобил во светот за сурово, квалитетно возење.
Бидејќи е целосно отворен, V12 Speedster додава нова димензија на целокупното искуство во возењето. Неговиот мотор со своите 690 КС му дава можност да забрза од нула до сто километри на час за само 3,5 секунди, додека најголемата брзина е 300 километри на час.
Под јаглеродното тело од овој модел е немирна алуминиумска платформа, која ги комбинира најдобрите елементи на DBS Superlegger и новиот Aston Martin Vantage. Британскиот бренд исто така го опреми овој модел со адаптивни амортизери, нудејќи три режими на возење, ултра лесни тркала со централно заклучување и големи јаглерод-керамички сопирачки.
Ова е, можеме слободно да кажеме, суперавтомобил кој ќе ве воодушеви на сите нивоа со своето прецизно возачко искуство, агилност и став. V12 Speedster е колку што е можно чист, па дури и неговиот кокпит изгледа неверојатно. Внатре во кабината на возачот, ќе можете да видите комбинација од хром, алуминиум и рачно изработена кожа.
Aston Martin V12 Speedster не е првиот модел без покрив и шофершајбната воведен во изминатите неколку години - имавме можност да видиме модели како Мекларен Елва и Ферари Монца, но ако не прашате, нема подобар од овој.