Credissimo на првиот училиштен ден израдува повеќе од 550 првачиња во Македонија

Компанијата спроведе кампања под името „Секогаш биди број 1”, во која раздаде подароци за првачињата во 18 основни училишта низ целата држава.

Општествените активности на водечката „финтек“ компанија Credissimo не запираат. Откако на почетокот на годината ги поддржа вработените на Инфективната клиника во Скопје, преку иницијативата „Топол оброк навреме“, компанијата пред неколку недели директно се приклучи во хуманитарна акција за помош на засегнатите граѓани и херои кои учествуваа во гасењето на пожарите, со донирање на огромна количина пакети со храна, пијалак и средства за хигиена. Денес компанијата ја спроведе третата општествена кампања годинава. Credissimo овој пат одлучи да ги изненади и израдува токму најмалите – првачињата, на првиот училиштен ден.

По повод петтиот роденден, компанија реши да раздава подароци, па затоа организира кампања под името „Секогаш биди број 1”, во која се подготвија над 550 подароци за првачињата во 18 основни училишта низ целата држава. Училишниот караван ги посети дел од основните училишта во Скопје (Бутел, Бардовци, Љубанци и Љуботен), а подароци имаше и за првачињата во Валандово, Јосифово, Берово, Маврово и Ростуше. Во основно училиште за деца со посебни потреби „Д-р Златан Сремец“ во Скопје, на подароците им се израдуваа сите дечиња од училиштето.

Сметаме дека одговорноста и придонесот кон образованието на младите е одговорност на сите во општество. Токму поради тоа сакаме патот кон напредокот на првачињата да биде поддржан и од нас. Со овие подароци сакаме да ги мотивираме и да ги поттикнеме уште од првиот училиштен ден да го дадат својот максимум, да го искористат својот потенцијал и секогаш да се борат да бидат број 1 во она што го прават. Ова е трета општествена кампања што ја правиме оваа година, а со посилно темпо продолжуваме и во следниот период  изјави Георги Руков, директор на ФД Кредисимо.

Благодарност за кампањата изрази и една од директорките во училиштата.

Во името на нашето училиште и неговите вработени, како и во името на родителите и пресреќните дечиња, сакаме да искажеме огромна благодарност на Credissimo. Подароците што ги добивме се од големо значење за нашето училиште, а особено за нашите ученици, бидејќи покрај тоа што училишните пакети ќе им овозможат полесно да ги совладуваат новите работи што ќе ги учат, ова е и мотив плус за да се радуваат на почетокот на годината и со огромен ентузијазам да почнат да чекорат по едукативниот пат. Ова е прекрасна активност и е одличен пример како една успешна компанија дава свој придонес во општеството ‒ изјави Матилда Бајкова, директорка на училиштето „Аврам Писевски“ во Бардовци.

Од компанијата потврдија дека постојано планираат и подготвуваат нови општествени акции, а за оваа кампања изразија особена благодарност до нивниот партнер Хелоу Пост, кој им помогна сите првачиња да ги добијат своите подароци навреме!

ПР Објава