Црниот пазар на храна во подем: Што најмногу се краде во маркетите

Се повеќе намирници се крадат од супермаркетите и подоцна се препродаваат

Нема да верувате кои намирници најчесто се крадат во продавници, супермаркети ... Дали знаевте дека пазарот на „црна храна“ во моментов доживува голем подем? Црните пазари се сè поголем проблем во светот, а пазарот на храна не е исклучок. Се повеќе намирници се крадат од супермаркетите и подоцна се препродаваат, а најтргувана намирница е - сирење!

Постојат неколку причини за ова. Како прво, голема е побарувачката за сирење - поголемиот дел од украденото сирење се препродава во помалите продавници и ресторани.

Исто така, сирењата може да се најдат во мали и преносни формати кои се идеални за крадците бидејќи лесно можат да се сокријат. Според истражувањето на американски „Адвик“, на списокот на храна што најмногу се краде се наоѓаат свежо месо, алкохолни пијалоци, слатки и чоколади, морски плодови и разни зачини (од кои најпопуларна е ванилата).


Можеби ќе ве интересира:

НАЈСКАПИОТ ЗАЧИН НА СВЕТОТ: Килограм чини 1.500 долари, а во него се капеше Клеопатра