ЦРВЕН АЛАРМ: Ова се раните знаци на нарушено ментално здравје

Поради стресниот стил на живот, секојдневните предизвици и намалената грижа за себе, може да дојде до нарушување на менталното здравје, пишува Ловесенс.

Секоја личност има различна енергија, храброст и сила кога се наоѓа пред неочекувани животни предизвици, но кога се појавуваат одредени потешкотии, тие се решливи ако навреме реагирате и не го занемарувате вашето здравје.

Еве неколку рани знаци кои укажуваат на лошо ментално здравје:

-желбата да се изолирате од другите и да престанете да уживате во активности што претходно сте ги сакале

-пократок или подолг сон од вообичаеното

-прејадување или драстично намален апетит

-недостаток на енергија

-пороци

-неконтролирано изразување на необични емоции

-конфузија

-ненадејни промени во расположението

-демотивација и тешкотии во извршувањето на дневните активности

-проблеми со концентрација или меморија

-премногу самокритика и гнев кон себе и кон другите

-постојано чувство на незадоволство

Ако имате некој од овие симптоми, многу е важно што побргу да побарате стручна помош, третманот зависи од менталната состојба на секоја индивидуа.

Исто така е важно да ги промените животните навики и со тоа да си помогнете и да го подобрите вашето ментално здравје. Променете ја исхраната, одморете повеќе, обидете се да го промените вашиот став и аголот на набудување и посветете се на активности што ве опуштаат.

Една од водечките причини за нарушено ментално здравје е секако репресијата на емоциите. Отворете го срцето, покажете им на вашите најблиски што чувствувате и ослободете се од товарот на негативните мисли и непријатните чувства.