Здравје // Совети
Д-р Андон Чибишев со аларм: Една од најтоксичните компоненти на мазутот е бензенот.Тој внесен акутно може да го загрози животот а на долг рок
Доктор Андон Чибишев, директор на клиниката за Токсикологија во пост на Фејсбук пишува за мазутот што се увезувал во Македонија. Тој вели дека овој мазут се користел за разни потреби и при тоа животната средина се загадувала различни хемикалии кои се ослобдуваат при согорување на мазутот.
„Една од најтоксичните компоненти на мазутот е бензенот.Тој внесен акутно може да го загрози животот а на долг рок предизвикува сериозни нарушувања на нервниот систем, коагулацискиот процес, срцето, бубрезите, црниот дроб, имунолошкиот систем, менталниот развој и забавување на растот кај децата и може да предизвика крвни болести вклучувајќи и леукемија“, напиша доктор Чибишев.