Д-р Несторовиќ советува: Како да се ослободите од лекови и од лоши навики!

Истражувањата покажуваат дека скоро 60 проценти од населението  на Балканот сметаат дека нивното здравје е добро или многу добро, но ако ги прашате дали страдаат од стрес, тешко е да се најде некој што би рекол - не. Такви се 100 %.

Вистината е, се разбира, некаде на средина: ние сме покревки отколку што мислиме, а секој друг жител на возраст над 20 години е загрозен поради напнатоста. Само за утеха, повеќето од нив имаат успешно развиено разни способности за да се справат со неизбежниот придружник на денешниот начин на живот-стресот. Стресот е тивок убиец, но не мора да биде таков кошмар.

Што можеме да сториме за себе кога ни се чини дека не можеме да сториме ништо, односно како да се ослободиме од лекови и лоши навики кога сме напнати, советува познатиот српски лекар Бранимир Несторовиќ.

Стресот е наше секојдневие, како можеме да се одбраниме? - Познато е дека стресот е една од главните причини за хипертензија, срцев удар, преблеми со варењето на храната, разни други болести, но и ментални проблеми. Повеќето луѓе се борат против стресот земајќи лекови. Иако овие се релативно безбедни лекови, тие имаат негативен ефект врз когнитивните функции, а во некои случаи доведуваат до зависност.

Дали е можно без лекови? - Морам да признаам дека медицината често се однесува како да нема други техники освен земање лекови. Треба да научиме како правилно да дишеме, како да се релаксираме, како да користиме есенцијални масла. И да вежбаме. Се разбира, исто така е пожелно да се обидеме да внесеме забава и задоволство во сè што правиме.

Што друго помага да се надмине стресот? - Прво, секогаш обидувајте се да го избегнете. Научете да кажете не, не преземајте повеќе одговорности отколку што можете да направите. Иако жените се поспособни да извршат повеќе од една работа истовремено, тие не треба да претеруваат. Во исто време, треба да научиме да ја контролираме животната средина: избегнувајте луѓе кои ви прават дополнителен стрес и ви ја одземаат енергијата, ако ве нервираат вестите, исклучете го телевизорот, ако сте загрижени за сообраќајниот метеж - одете пеш. Иако ќе поминете повеќе време, сите овие промени ќе имаат голем ефект.

Постојат денови кога никој не сакаме да видиме, особено кога стресот се насобрал на работа. - Грешка. Чувствата треба да се споделуваат со луѓето околу вас затоа што потиснувањето на мислењата создава дополнителна напнатост. Поврзете се со другите, човечката комуникација е незаменлива. Меѓутоа, ако некој почне да ве вознемирува за тоа, извинете се љубезно и кажете дека имате итни обврски.

Лесно е да се каже. - Не е тешко да се прилагодиме на ситуацијата: кога ќе се појави проблем, особено на работа, запрашајте се кое ќе биде неговото значење во догледна иднина и ќе видите дека стресот ќе се намали. Исто така, обидете се да ги намалите очекувањата од себе и другите, не е погодно да бидете секогаш перфекционист. Ако ситуацијата е навистина таква што не можете да се контролирате, нема друг начин- прифатете ја. Не обидувајте се да се борите ако знаете дека нема да успеете.

Значи, сите ние мора да имаме реални цели. - Честопати нашата вознемиреност произлегува од високите цели. Стресот создава и страв од отфрлање, потсмев, убедување дека нема да нè сакаат. Овие стравови се нагласени од низа современи трендови и всушност се ирационални. Ајде кажете ми колку е важно да имаш што повеќе лајкови на Фејсбук ако имаш личност што те сака покрај тебе?!

Дали простувањето го намалува стресот? - Секако. Сите мора да научиме да простуваме. За да се направи мозокот полесно „да дише“ Стресот го уништува мозокот, што доведува до негова атрофија. Почнуваме да забораваме работи, а за да не дојде до тоа треба да продолжиме понатаму. Не мора да трчаме километри (а тоа може да биде причина за стрес), но брзото одење или качувањето по скали наместо да се возиме со лифт, ќе го поврзе нашето срце со нашите мускули. Тогаш мозокот ќе дише полесно! И хобито помага.

Дози на стрес на скала од 1 до 100

Смрт на брачен другар - 100 Развод - 73 Разделба - 65 Смрт на близок член на семејство - 63 Болест или повреда - 53 Брак - 50 Престанок на работниот однос - 47 Пензија - 45 Болест на партнер или член на семејство - 43 Бременост - 40 Проблеми во сексот - 39 Раѓање на дете - 39 Промени во финансиската состојба - 38 Смрт на близок пријател - 37 Зачестеност на кавги со партнер - 35 Хипотека на стан / куќа - 31 Промени на работа - 29 Заминување на дете од дома - 29 Проблеми со роднини - 29 Проблеми со шефот - 23 Промена на живеалиштето - 20 Проблеми со спиењето - 16

Како да препознаете стрес

Лицето кое е под стрес често ја менува бојата на лицето, има потешкотии со дишењето и срцето брзо му чука. Нагонот за повраќање е можен, а се јавува и страв. Нестабилниот крвен притисок, како и метаболичките нарушувања, доколку стресот е долготраен, може да доведат до бројни болести. Речиси сите состојби предизвикани од стрес мора да се третираат.


Фото: Youtube/Moje Dobro