5 работи за кои не знаевте дека можат да го подигнат крвниот притисок: Солта не е единствениот проблем, а првата причина ќе ве изненади

Исхраната има клучна улога во контролата на крвниот притисок, но и други фактори од животниот стил влијаат врз развојот на хипертензија.
Високиот крвен притисок (над 140/90 mmHg) е една од најголемите закани за здравјето денес и може да доведе до срцев удар, шлог или оштетувања на бубрезите и видот.
Иако често се препорачува ограничување на солта, истражувањата покажуваат дека постојат и други, помалку очекувани причини за раст на притисокот.
1. Усаменост
Научници откриле дека кај најусамените луѓе во период од четири години значително се зголемува крвниот притисок. Стресот од изолација и стравот од одбивање негативно влијаат на телото.
2. Додадени шеќери
Прекумерниот внес на индустриски шеќери, особено преку засладени пијалаци, го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни болести.
Луѓето кои над 25% од калориите ги добиваат од шеќер имаат трипати поголем ризик од смрт од срцеви болести.
3. Апнеја во сон
Прекинот на дишење за време на спиење го става организмот под стрес, ослободува хемикалии кои го зголемуваат притисокот и го намалуваат снабдувањето со кислород.
4. Недостаток на калиум
Бубрезите бараат баланс меѓу натриум и калиум. Недоволниот внес на калиум преку овошје, зеленчук, мешунки и риба може да предизвика покачен притисок. Бананите, спанаќот, доматите и сувото овошје се добри извори.
5. Проблеми со тироидната жлезда
И намалената и зголемената функција на тироидата може да доведат до нарушен ритам на срцето и зголемен притисок. Затоа е важно редовно следење на хормоните и состојбата на жлездата.
Контролата на крвниот притисок не се сведува само на исхрана – туку бара целосна грижа за телото и навиките.
Pexels