Иван измислил нов начин на греење, а трошоците се смешно ниски: Стан од 80 квадрати загрева за само 600 денари месечно (ВИДЕО)

Во последните години, покрај греењето на пелети, со топлотни пумпи и соларни панели, се појави и ново, поекономично решение – греење со магнети, технологија што потекнува од Славонија и веќе се користи и кај нас.
Изумот е дело на славонскиот иноватор Иван Јакобовиќ, познат и по своето постројство за биодизел без сулфур. Неговото најново откритие, систем за греење со магнети, предизвика голем интерес кај технолошките ентузијасти и програмери од една домашна компанија.
„Сакавме да направиме сосема поинаква машина, но случајно дојдовме до идеја да видиме дали магнетите можат да создадат топлина – и навистина успеавме“, раскажува еден од програмерите вклучени во проектот.
Принципот е едноставен: на осовината на електромоторот се поставува диск со трајни магнети кои при вртење ја загреваат бакарната плоча поставена над нив.
Според првичните мерења, греењето на куќа од околу 200 квадратни метри чини само 15 евра месечно, што е приближно пет пати поевтино од топлотните пумпи и дури 25 пати поевтино од пелетите.
Сепак, овој систем не е погоден за станови поради бучавата што ја создава, па се препорачува за куќи и подрумски простории. „Во Србија веќе неколку семејства се греат на магнети повеќе од четири години. Еден човек ни кажа дека 80 квадратна викендица ја загрева за само 1.200 динари месечно“, вели Јакобовиќ.
Почетната инвестиција е околу 2.000 евра, но за инсталацијата се потребни мајстори со техничко знаење. И покрај тоа, интересот расте – бидејќи греењето на магнети ветува револуција во евтината и еколошка енергија за домаќинствата.
Извор