Навика што го уништува мозокот: Никогаш не го правете ова наутро

Една дневна навика, која речиси сите ја повторуваме штом ќе ги отвориме очите, може да го расипе целиот ден и буквално да го ослабне мозокот...
Станува збор за проверка на телефонот веднаш по будењето. Според професорката Венди Суџуки од Универзитетот во Њујорк, тој момент наутро е највреден за нашиот мозок. По спиењето, нивото на допамин - хормонот на среќата - е највисоко, а мозокот покажува најголема невропластичност, односно способност за адаптација и учење. Кога ќе посегнеме по екранот, наместо да му дадеме простор на нашиот мозок да „дише“, веднаш го преоптоваруваме со известувања, е-пошта и вести.
„Екраните веднаш го вшмукуваат целиот потенцијал на вашиот мозок“, вели Сузуки. Таа препорачува мал експеримент: во следните пет дена, избегнувајте го телефонот првите 20 минути по будењето. Наместо тоа - истегнете се, запишете три цели за денот или едноставно испијте кафе во тишина. Разликата, тврди таа, ќе биде очигледна - ќе се чувствувате побудни, фокусирани и мотивирани.
Но, телефоните не се опасни само наутро. Истражување од Универзитетот „Кинг Сауд“ покажа дека дури 90% од луѓето користат паметни телефони навечер пред спиење, а повеќе од 40% се жалат на лош сон. Ризикот од несоница се дуплира кај оние кои го користат телефонот 15-30 минути пред спиење, а дури и се тројно зголемува кај оние кои го прават тоа 30-45 минути.
Затоа, ако сакате подобра концентрација, повеќе енергија и поздрав мозок, избегнувајте го вашиот паметен телефон наутро и навечер. Вашиот мозок ќе ви биде благодарен.