Да! 125 илјади евра, ама волкот на Мерцедес е ѕвер
Со автоматски менувач, најновиот проект на Expedition Motor Company сака да се издвои од остатокот...
Според сите проценки, популарноста на Mercedes-Benz G Series никогаш не била поголема, со тоа што луѓето ги купуваа како алва, плаќајќи неверојатни суми пари за да дојдат до врвот на листата на чекање. Нема сомнение дека ова возило, кое го започна својот живот како едноставен воен транспортер, претрпе многу трансформации со текот на годините и отиде многу подалеку од најлудите соништа на неговиот оригинален дизајнер.
Германската армија го доби кодното име „Геландваген“ - теренско возило - кое за прв пат беше претставено и произведено во 1987 година. Сепак, не секој Г-Ваген од таа ера беше Волк- како што и се нарекува. За да се нарече така, возилото мораше да има модуларно стакло и кабриолет покрив и да биде 250GD.
Во духот на стариот Land Rover Defender, оригиналниот 250GD не можеше да понуди многу кога станува збор за удобност, но за возврат беше полн со автентичност и енергија. Но, од друга страна, за разлика од старите Defenders, Mercedes-Benz 250GD никогаш не дојде во САД, сè додека Expedition Motor Company не одлучи да понуди совршено реставрирани модели со многу модерни детали што ќе ги премостат сите тие децении и ќе им се допаднат на клиентите чии автомобили вообичаено носат ознаки Бентли или Ламборџини.
Компанијата Експедиција мотор започна со набавка на модели 250GD произведени помеѓу 1990 и 1993 година, кои ги докажаа своите можности минувајќи милиони километри од нивното производство. Всушност, нивниот 0M602 дизел погон е познат како „мотор од милион километри“ поради неговата неверојатна издржливост.
Реставрацијата што следеше беше сеопфатна. Секој Волк беше предмет на повеќе од 1.000 часа работа за време на проектот. Безјасен од чист метал и конструиран како нов, секој автомобил доби палета на бои избрана од неговиот сопственик од низа ретро и современи нијанси, додека ентериерите беа рачно изработени и вклучуваат опции како што се контролата на климата Vintage Air и слично. За прв пат, автоматскиот менувач Мерцедес-Бенц исто така може да биде дел од овој пакет, носејќи со себе целосно ново ниво на удобност при возење.
Спарувањето на петстепен менувач, исто како што беше најдено во седаните „Мерцедес С-класа“ во 2000-тите, со вреден дизел мотор, беше софистицирана инженерска вежба која бараше прилагодено TCU за одржување на непречено менување на брзината, тивкото работење и сигурноста.
Други ревизии што доаѓаат како дел од стандардната понуда се нови инструменти и мерачи, премиум фарови и подобрен инфо-забавен систем со нови Bluetooth можности, со можност за вклучување на USB или друг уред. На крајот, останува да кажеме дека овој ѕвер ќе ве чини околу 125.000 долари.