Да не претерал? Многумина би избегале од таму без да се мислат: Погледнете зошто!
Неверојатно!
Секој сака малку зеленило во својот дом. Без разлика дали се работи за мал сад чуваркуќа или букет цвеќе, една или две билки можат значително да го осветлат и освежат просторот.
Сепак, има еден страствен љубител на растенија, кој откри дека успеал да потроши дури 20.000 фунти на својата страст.
Џони Балчандани (34) купил толку многу растенија што целосно му го опседнале домот. Иако може да се пофали со простран дом со пет спални соби, тој успеа да го наполни со преку 3.000 растенија и да изгради неверојатна колекција.
- Растенијата ги набавувам од продавачи и одгледувачи од целиот свет, ги има многу од Индонезија и Јужна Америка - објаснува Џони и додава дека ниту професионалните градинарски центри немаат таква понуда на растенија што ги има дома.
Некои од ретките растенија го чинат и до 850 фунти, но сепак тој ја споделува својата страст со своите деца Феникс (3) и Талула (2), како и со партнерката Шарлот (33).
Всушност, Џони се надева дека неговите деца ја наследиле неговата љубов кон растенијата, па и тие ќе ја наследат неговата голема колекција.
Иако куќата е исполнета до гребенот со растенија, тој не планира да престане да ги собира, па дури планира да додаде и дел од куќата, па има простор да го прошири своето хоби.
Исто така, постои можност дека ќе мора да најде личност која ќе треба да му помогне да се грижи за градината, бидејќи неговата сегашна рутина вклучува; прскање на растенијата со пестициди, проверка на нивото на влажност, проверка на нови ластари во стаклена градина и грижа за нив, отстранување на исушените лисја и наводнување.