Да работите за себе или да останете на плата: Како да се одлучите?
За да го донесете вистинското решение за себе - да се држите цврсто за оваа работа што ја работите во моментот или да создадете свој бизнис, разгледајте ги описите во инфографичкиоит алгоритам. Не игнорирајте ги и советите во вториот дел - тие ќе ви помогнат да ги избегнете грешките кои овие пред вас ги направиле, бидејќи или не слушале или не знаеле.
На крстопат сте? Се прашувате:Да започнам сопствен бизнис или да си останам на работа?
Многу луѓе веруваат дека со лаптоп во рака и вишок од амбиции можат да ја напуштат работата и да започнат сопствен бизнис. Ова важи уште повеќе за т.н.. дигитални номади кои се расфрлаат со "претприемачки дух", цитати по темата и великодушни совети како да бидеме успешни во бизнисот, без да имаат освоено и денар од свој сопствен.
Вистината е дека да се преживее како претприемач или како успешен фрилансер хонорарно не е нешто толку блескаво како што изгледа на прв поглед.
Има луѓе кои едноставно не ги бидува за оваа работа!
Постојат три вида на луѓе на овој свет: оние кои ги тераат работите да се случуваат, такви кои гледаат како работите се случуваат и такви кои се прашуваат што се случило - Мери Кеј Еш
Како сопственик на бизнис треба да сте не само извор на идеи, не само да мислите за "шеми", но и да бидете продавач, сметководител, дај Боже шеф и куп други нешта.
Дали сте подготвени за ова?
И покрај лошата слика која ви ја нацртавме штотуку, неспорно е дека денес живееме во свет на можности и тоа е одлично. Секој може да се обиде!
Ако сте љубопитен дали создавањето на сопствен бизнис е нешто што сакате да го правите или не, пројдете преку прашањата и одговорите за самопроценка за да дознаете по кој пат да тргнете - оној на платата или оној на претприемништвото:
„Иницијатива е да ги правиш вистинските нешта, без да ти се кажува! - Виктор Иго
Што и да одберете, бидете иницијативни ...